24фудбал

Зијеш е во Париз, но ќе треба да се врати во Лондон, трансферот во ПСЖ пропадна поради документација!

ПСЖ и Челси во финишот од преодниот рок го договорија трансферот на Хаким Зијеш кој требаше да се пресели на позајмица во францускиот клуб, но зделката не е регистрирана.

Италија

Причина е што документите кои биле потпишани од двете страни, не биле испратени на време за да бидат регистрирани во Лига 1.

Хаким Зијеш во моментов се наоѓа во Париз, во канцелариите на ПСЖ. Тој направил се што е во негова моќ за трансферот да се случи, дури и понудил финансиска помош.

Мароканскиот фудбалер ќе треба да се врати во Лондон и да продолжи во Челси доколку не биде направен некаков исклучок за да биде регистриран по крајот на преодниот рок.

ПСЖ веднаш испратиле жалба до Француската лига, мали се шансите таа да биде прифатена, но не се исклучува можноста тоа да се случи.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.