24фудбал

Иско пристигна во Берлин, но трансферот пропадна, некој побарал повеќе пари од договореното

Трансферот на Иско во Унион Берлинг беше договорен, тој требаше само да ги помине медицинските тестови и да го потпише договорот, но тоа нема да се случи.

Германија

Иско требаше да потпише за германскиот клуб како слободен играч, но Унион Берлин информира дека трансферот нема да се случи.

„Ние сакавме да го имаме Иско во Берлин, но имаме наши граници. Тие денеска беа надминати, спротивно на првичниот договор. Трансферот нема да се случи“, стои во соопштението на Унион Берлин.

Се претпоставува дека откако пристигнале во Берлин, од таборот на Иско побарале повеќе пари за да се реализира трансферот од она што било договорено претходно.

Нејасно е дали е побарана поголема плата за Иско, или дополнителна провизија за агентите, како и да е, германскиот клуб нема да го потпише договорот поради непочитување.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.