Според пишувањата на Марка, откупната клаузула на Гави може да падне од 1 милијарда на 0 евра доколку новиот договор на Шпанецот не биде регистриран до вечер на полноќ.
Категорија: Шпанија 31.01.2023 14:59
Талентираниот Гави неодамна се обврза кон Барселона до 2026 година и доби откупна клаузула вредна 1 милијарда евра.
Но „каталонците“ можат да го изгубат играчот за беспари, како што пишува Марка, клаузулата може да падне од 1 милијарда евра на 0 евра доколку новиот договор на Шпанецот не биде регистриран до вечерва на полноќ.
Ла Лига во прв момент го одби барањето на Барселона да го регистрира новиот договор на Гави со образложение дека „каталонците“ не ги исполнуваат параметрите за финансиски фер-плеј.
Сепак, Барселона целиот случај го даде на суд кој пресуди во нивна корист и издаде наредба Гави да биде регистриран.
Ла Лига има право на жалба, но во моментов е нејасно дали ќе ја продолжат правната битка.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.