24фудбал

Баерн го потврди трансферот на Кансело, Португалецот не барал совет од Гвардиола

Баерн Минхен го промовираше Жоао Кансело како ново засилување, десниот бек откри дека не побарал совет од Пеп Гвардиола за преселбата на „Алианц Арена“.

Германија

Жоао Кансело е нов фудбалер на Баерн Минхен, десниот бек пристигна на позајмица со опција за перманентен трансфер. Зделката е мало изненадување, се говори дека Португалецот имал расправија со Пеп Гвардиола и затоа го напуштил Манчестер Сити.

„Единствена причина за мојата одлука е тоа што имав мала минутажа во Манчестер Сити во последно време. Имаше шпекулации дека не сум имал добар однос со Пеп Гвардиола, но вистината е друга, едноставно сакав да играм повеќе“ - рече Жоао Кансело на промоцијата.

Но дека нешто не чини во нивниот однос покажува фактот дека десниот бек не побарал совет од Пеп Гвардиола, кој три години беше тренер на Баерн Минхен.

„Не побарав совет од Пеп Гвардиола, немаше време, многу брзо се случија работите“.

„Едноставно сакав да ја донесам најдобрата одлука за мене, и мислам дека го сторив тоа“.

„Подготвен сум да играм уште утре. Среќен сум што можам да покажам што умеам во дресот на Баерн“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.