24фудбал

Ништо од трансфер на Амрабат во Барселона, Фиорентина ја одбила понудата

Барселона се обиде во последниот ден од преодниот рок да дојде до потписот на Софијан Амрабат, но Фиорентина не го прифати тоа што го понудија каталонците.

Шпанија

Барселона сакаше да го позајми Амрабат до крајот на сезоната со опција да го откупи за 40 милиони евра.

За позајмицата Барса сакала да плати 3-4 милиони евра. Но, ваквата понуда била одбиена од Фиорентина.

Се верува дека виолетовите ќе го задржат Мароканецот до крајот на сезоната, а тогаш ќе го продадат во голем клуб.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.