Кристијано Роналдо се уште нема постигнато гол за Ал Наср на официјален меч, па дел од сопствениците на клубот почнаа да изразуваат незадоволство од неговите настапи.
Категорија: Останато 31.01.2023 09:44
Роналдо доби историски договор од клубот од Саудиска Арабија, 200 милиони евра по сезона. Па нивните очекувања веројатно се дека Португалецот треба да прави чуда на теренот.
Но, на првите два официјални меча, Роналдо не успеа да постигне гол. Ал Наср беше елиминиран во полуфиналето од Суперкупот на Саудиска Арабија.
Разочаран од настапот на Роналдо на тој меч беше и тренерот Руди Гарсија кој рече дека се ќе било поинаку доколку Португалецот ја искористел големата шанса која ја промаши.
Но, многу поинтересна е реакцијата на еден од газдите на клубот, кој револтирано по мечот рече: „Дадов 200 милиони за Роналдо, а тој знае само суиии“.
Ваквата изјава на шеикот наиде на смеја кај останатите присутни, но се чини дека на него не му е до смеа.
What happened yesterday after the Al-Nassr Match pic.twitter.com/Ote1OisbL5
— Mrfavour (@Mrfavour53) January 27, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.