24фудбал

Димитриевски царуваше на голот, Рајо го победи Виљареал на негов терен (ВИДЕО)

Столе Димитриевски имаше уште еден одличен настап за Рајо Ваљекано кој со 1-0 победи на гостувањето кај Виљареал.

Шпанија

Рајо Ваљекано на последните пет меча на гостински терен не знае за пораз, со денешниот триумф имаат три победи и две нерешени средби на овие мечеви.

Денеска го совладаа и Виљареал, а голем допринос за тоа има нашиот голман, Столе Димитриевски кој имаше неколку фантастични интервенции.

Единствениот погодок на мечот беше постигнат во 70. минута кога Камељо реализираше за водство на Рајо Ваљекано кое значеше и победа од 1-0.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.