24фудбал

Меси: Ах само да можеше Марадона да ми го предаде трофејот во Катар... каква фотографија ќе беше тоа!

Лео Меси вели дека му се остварил сонот кога со Аргентина триумфирал во финалето на Светското првенство, и додава дека ќе било убаво доколку Диего Марадона бил жив и му го предадел трофејот во Катар.

Останато

Лео Меси за прв пат проговори по големиот успех во Катар каде ја предводеше Аргентина до триумф на Светското првенство.

„На 18. декември, се се промени за мене. Она што сонував и посакував во текот на целата кариера, конечно се оствари.  Конечно можам да кажам дека сум светски шампион. Трофејот од Светското првенство ми шепотна, „Дојди и грабни ме, сега можеш да ме допреш““ – вели Лео Меси, кој додава дека целиот настан ќе бил многу поспецијален доколку Диего Марадона бил жив.

„Ах само да можеше Марадона да ми го предаде трофејот од Светското првенство, каква фотографија ќе беше тоа. Или барем да можеше да го проследи успехот, знам колку го сакаше националниот тим, и колку сакаше ова да се случи“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.