24фудбал

Мурињо: Осимен е страшен играч, ама има една маана која нема да му помине во Премиерлигата

Жозе Мурињо вели дека Виктор Осимен е на исто ниво со легендарниот Дидје Дрогба, но додава дека напаѓачот на Наполи има маана, односно многу симулира, и тоа нема да му помине во Премиерлигата.

Италија

Наполи синоќа со 2-1 славеше против Рома, првиот гол беше дело на Виктор Осимен, кој уште еднаш покажа зошто е желба на многу клубови, особено во Англија, кои се подготвени да платат преку 100 милиони евра.

Напаѓачот на гради смири топка, потоа уште еднаш играше со колено и испрати силен волеј под пречката.

„Осимен е страшен играч, потсетува на Дрогба, но Дидје никогаш не симулираше“ – рече Жозе Мурињо на прес конференцијата по мечот.

„Доколку работев во клуб кој имаше многу пари, ќе го купев. Но доколку еден ден се пресели во Англија, мора да се промени. Во Италија можеби се толерира вакво однесување, но во Премиерлигата нема да му помине“.

„Специјалниот“ и подоцна со новинарите проговори на оваа тема.

„Му кажав на Осимен дека постигна прекрасен гол но и дека мора да престане да симулира толку многу. Неговиот гол беше фантастичен, постигна фантастичен погодок и на првиот натпревар помеѓу Рома и Наполи оваа сезона, тој е фантастичен фудбалер. Но мора да престане да симулира“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.