24фудбал

Начо удри „банана“ и помина неказнето: Судијата или не ги знае правилата, или не сакаше да го исклучи (ВИДЕО)

Фудбалерот на Реал Мадрид, Начо помина неказнето откако во стил на кошаркар спречи противникот да изведе аут, нејасно е како судијата не му покажа жолт картон.

Шпанија

Реал Мадрид и Реал Сосиедад синоќа одиграа натпревар без голови, но средбата имаше неколку контроверзни моменти.

Едниот се случи во 76. минута, кога гостите тргнаа брзо да изведат аут а Начо во стил на кошаркр му удри „банана“ на Иљараменди и го спречи во намерата.

Нејасно е како судијата не му покажа жолт картон, што ќе значеше и исклучување откако дефанзивецот претходно влезе во бележникот за опасен старт во првото полувреме.

„Ова е исто како кога го соблекувате дресот при прослава на гол. Мора да се покаже жолт картон, нема двоумење“ – вели поранешниот судија Итуралде Гонзалез.

„Или судијата не ги знае правилата или пак не сакаше да го исклучи дефанзивецот на Реал Мадрид. Ова е сериозен пропуст, Начо мораше да добие втор жолт картон“.

И самиот Начо по крајот на натпреварот призна дека требал да биде исклучен.

„Ситуацијата беше чудна, јасно е дека го спречив да изведе, но мислев дека аутот е за нас. Да, требаше да добијам втор жолт картон и да бидам исклучен, но за среќа тоа не се случи“ – рече дефанзивецот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.