24фудбал

Алвес од затвор: Ништо не ме плаши, ќе прифатам што и да се случи

Легендарниот бразилски фудбалер, Дани Алвес во моментов се наоѓа во затвор каде што ќе ја чека пресудата за инцидентот кој се случил во ноќен клуб во Барселона.

Шпанија

Алвес е обвинет за силување кое се случило на 30 декември во ноќниот клуб Сатон во Барселона. На Бразилецот не му беше дозволено да се брани од слобода, па тој во моментов е зад решетки.

Каталонскиот весник „Спорт“ пренесува изјава на Дани Алвес од затворот која е добиена преку член од фамилијата на фудбалерот кој бил да го посети.

„Ќе прифатам што и да дојде. Го напуштив домот кога имав речиси 15 години. Пребродив многу тешки и комплицирани ситуации во животот. Ова е уште една која ќе помине. Ништо не ме плаши“, изјавил Дани Алвес.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.