Наполи сигурно маршишра кон Скудетото откако ги освои трите бода и во дербито против Рома иако не одигра некоја блескава партија, на крајот го доби дуелот со 2-1.
Категорија: Италија 29.01.2023 22:58
Наполи ги искористи киксовите на конкурентите за дополнително да ја зголеми предноста на врвот. Во моментов се на врвот со 13 бодови пред Интер.
Елиф Елмас денеска почна на клупата, во игра влезе во 69. минута од натпреварот.
Наполи и Рома одиграа борбен и рамноправен натпревар по кој домаќините се радуваа на трите бода.
Резултатот го отвори Осимен уште во 17. минута со убав гол по асистенција од Кваратсхелија.
Во 75. минута по центаршут на Залевски, Ел Шарави реализираше за израмнување на 1-1.
Овој резултат беше актуелен до 86. минута кога Џовани Симеоне постигна гол за победа на Наполи од 2-1.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.