Фиорентина во лоша форма отпатува на гостувањето кај Лацио, но недозволи да загуби, од Рим се враќа со бод, конечниот резултат беше 1-1.
Категорија: Италија 29.01.2023 20:04
Лацио во овој меч влезе по високата победа над Милан од 4-0, но самодовербата им ја скротија виолетовите.
А, мечот за Лацио почна одлично, уште во осмата минута Касале најдобро се снајде во шеснаесетникот и погоди за водство од 1-0.
Но, како одминуваше натпреварот работите се променија, особено во второто полувреме.
По четири минути игра во вториот дел, Николас Гонзалез постигна прекрасен гол за израмнување на 1-1.
Во финишот од мечот лесно можеше Фиорентина да дојде и до целиот плен, но пропушти неколку шанси, особено блиску беше кога Милинковиќ во последните моменти од натпреварот ја погоди пречката од голот на Лацио.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.