24фудбал

Пиоли: Наше Скудето сега е место во Лигата на шампионите

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли вели дека целта на росонерите е да ја завршат сезоната на позиција која води во Лигата на шампионите.

Италија

Милан е во лоша форма, а таа денеска кулминираше со пораз на свој терен од Сасуоло со 5-2. Росонерите ја бранат титулата, но не само што нема да можат до неа, туку ризикуваат да не се пласираат ниту на место кое води во Лигата на шампионите доколку не се вратат на победничкиот колосек.

„Чувствувам разочарување, но нема далеку да стигнеме со разочараност. Перформансите на последните мечеви кажуваат дека се мачиме, ова мора да ме натера да разберам што треба да направиме за да ја подобриме ситуацијата и да се справиме на поинаков начин“, вели Пиоли.

„Нашето Скудето оваа сезона ќе биде обезбедување на место во Лигата на шампионите, тоа е нашата цел“.

„Откако не успеавме да ја победиме Рома и покрај тоа што водевме со 2-0, како да не можеме да ја играме нашата игра. Мораме да докажеме дека се уште можеме да имаме добра сезона и да обезбедиме место во Лигата на шампионите“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.