24фудбал

Шкрињар потврди: Точно е, потпишав за ПСЖ

Дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар стави потпис на договор со ПСЖ, дилемата е само дали сега или во јуни ќе се пресели во францускиот гигант.

Франција

Шкрињар од јуни е слободен играч, па веќе може да потпишува за други клубови. Словакот тоа го направи и стави потпис на договор со ПСЖ.

Неговиот потпис значи дека тој од јуни сигурно ќе биде фудбалер на ПСЖ, но францускиот клуб е во преговори со Интер да го добие играчот веднаш.

„Да, точно е, потпишав за ПСЖ. Сега чекам клубовите да се договорат“, вели Шкрињар.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.