24фудбал

Кога не може од прва, може од втора: Ристовски стрелец во победата на Динамо (ВИДЕО)

Стефан Ристовски погоди во победата на Динамо Загреб против Локомотива, капитенот на Македонија донесе водство за домаќините, кој на крајот славеа со 2-1.

Македонија

Прва победа за Динамо Загреб во 2023 година, „модрите“ вечерва со 2-1 ја добија пресметката со Локомотива.

Резултатот го отвори нашиот Стефан Ристовски во 35. минута, десниот бек најпрво со глава ја погоди пречката а потоа прв реагираше на одбиената топка и од втора ја затресе мрежата на гостите.

Батурина по еден час игра зголеми на 2-0, а пет минути подоцна Пивариќ намали на 2-1, но тоа беше се што гостите сторија и покрај тоа што во финишот имаа играч повеќе.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.