24фудбал

Ja „издрибла“ Рома, не се снајде во Барселона, сега може да биде ново засилување на ПСЖ

ПСЖ подготвува понуда до Зенит за ангажман на Малком, Бразилецот пред неколку години креираше конфликт помеѓу Барселона и Рома.

Франција

„Светците“ до крајот на месецот сакаат да донесат нов офанзивен фудбалер и едно од имињата на листата со желби е Малком.

Бразилецот е привлечен од идејата да се пресели во Париз, па ПСЖ сега работи на конкретна понуда за Зенит. Се говори за можноста напаѓачот да биде ангажиран на позајмица со опција за перманентен трансфер која лесно ќе се активира.

Малком на фудбалската јавност и е познат по тоа што ја „издрибла“ Рома летото во 2018. Навивачите на „волчицата“ го чекаа на аеродром, а тој во последен момент се предомисли и реши да направи трансфер во Барселона.

Но преселбата на „Камп Ноу“ му беше промашување, не се изнаигра во дресот на „каталонците“ и по само 12 месеци беше продаден на Зенит.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.