24фудбал

Адвокатот на Дани Алвеш откри зошто Бразилецот дал неколку различни верзии

Адвокатот на Дани Алвеш вели дека Бразилецот дал неколку различни верзии и ја лажел полицијата бидејќи се плашел јавно да признае дека ја изневерил сопругата.

Останато

Новиот адвокат на Дани Алвеш денеска се сретнал со Бразилецот и разговарале околу два часа. На излегување, тој на кратко разговарал со медиумите и објаснил зошто фудбалерот дал неколку различни верзии на настаните и ја лажел полицијата.

„Се обидел да скрие дека ја изневерил сопругата“ - објаснил Кристобал Мартељ.

Претходно, медиумите објавија дека Дани Алвеш дал три различни изјави пред полицијата. Во прв момент рекол дека не ја познава девојката која го овбини за сексуален напад, потоа рекол дека ја видел во ноќниот клуб но ништо не се случило, за на крајот да раскаже како таа му се пуштала во тоалетот на ВИП собата.

Дани Алвеш во моментов е во брак со Јоана Санц, која во прв момент му даде поддршка, но моделот од Тенерифе потоа ги избриша сите слики со Бразилецот од профилот на Инстаграм.

Кристобал Мартељ важи за еден од најдобрите адвокати во Барселона, кој често знае да обезбеди поволни договори за своите клиенти, па многумина неговите изјави ги гледаат како обид да се смени стратегијата на одбраната со цел да се најде некаков компромис.