24фудбал

Мбапе на гала вечера со ПСЖ на мобилен го гледаше Реал Мадрид! (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСЖ синоќа присуствуваа на гала вечера а камерите уловија еден интересен момент, Килијан Мбапе на својот мобилен телефон го гледаше натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во Копа дел Реј.

Шпанија

Килијан Мбапе минатата година имаше прилика да се пресели во Реал Мадрид, во еден момент практично сите го видоа како нов „галактико“, но Французинот на крајот се предомисли и реши да стави потпис на нов договор со ПСЖ.

Неколку месеци подоцна, почнаа да кружат гласини дека Килијан Мбапе се каеа за оваа одлука, не е среќен во ПСЖ и сака да замине, а Реал Мадрид повторно беше посочен како една од можните дестинации.

Дека напаѓачот има посебна конекција со „кралевите“ покажа и едно видео кое се појави на социјалните мрежи. Фудбалерите на ПСЖ синоќа присуствуваа на гала вечера а камерите го уловија Килијан Мбапе како на својот мобилен телефон гледа фудбалски натпревар.

До Французинот седеше Ашраф Хамики, па почна да се пишува дека двајцата ја следеле пресметката помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во Копа де Реј.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.