24фудбал

Гвардиола: Артета не се радуваше на головите само против еден тим, уште тогаш си реков...

Пеп Гвардиола вели дека Микел Артета никогаш не се радувал на головите на Манчестер Сити против Арсенал, па веднаш му станало јасно дека неговиот сонародник има посебна љубов кон „топчиите“.

Англија

Микел Артета три ипол години му беше помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити за во 2019 да го прифати предлогот на Арсенал и да седне на кормилото на клубот од Северен Лондон.

„Топчиите“ оваа сезона ја играат на високо ниво, имаат +5 на врвот во Премиерлигата и натпревар помалку, па важат за прв фаворит за титулата.

Четвртото коло во ФА Купот ги спои токму Манчестер Сити и Арсенал, па ученикот и учителот утре ќе го имаат првиот дуел оваа сезона.

„Сигурен сум дека доколку јас заминев, Артета сега ќе беше тренер на Манчестер Сити. Но јас го продолжив договорот и тој не сакаше да чека“ - вели Пеп Гвардиола и додава дека претчувствувал дека неговиот сонародник ќе се врати во Арсенал, каде играше помеѓу 2011 и 2016.

„Паметам кога беше дел од Манчестер Сити како се радуваше и скокаше кога ќе постигнеме гол, и ова не го правеше само кога игравме против еден клуб. Кога игравме против тој клуб, кога ќе постигневме гол, јас ќе тргнев да се радувам и ќе почнев да го барам Артета, а тој само мирно седеше. Тој единствен клуб е Арсенал“.

„Па уште тогаш си реков, „Ова момче го обожава Арсенал“. Го разбирам, тоа е исто како јас и Барселона. Доколку сум тренер некаде или помошник, и Барселона ми се јави, секако дека ќе одам. Тоа е мојот клуб“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.