24фудбал

Роналдо за трансферот во Саудиска Арабија доби уникатен часовник со 388 цаворит камења (ФОТО)

Производителот на луксузни часовници „Џејкоб & Ко“ го одбележа трансферот на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија со уникатен рачен часовник кој е покриен со 388 скапоцени камења од цаворит и се проценува на 780.000 долари.

Останато

По разделбата со Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо се реши за авантура во Саудиска Арбија каде ќе заработува околу 200 милиони евра годишно.

„Јас сум уникатен фудбалер, затоа и договорот е таков!“ – одговори Кристијано Роналдо кога беше промовиран како нов фудбалер на Ал Наср.

Но не е само платата уникатна, Производителот на луксузни часовници „Џејкоб & Ко“ го одбележа трансферот со уникатен рачен часовник.

Куќиштето на чосовникот е направено од 18-картно бело злато, и е покриено со 388 скапоцени камења од цаворит. Камењата од цаворит се најскапите и најретките од сите гранити, и нивната зелна боја е во чест на бојата што доминира на знамето на Саудиска Арабија. Уште еден детаљ од часовникот е во чест на Саудиска Арабија, ременот е направен од зелена кожа од алигатор.

Луксузниот часовник е направен специјално за Кристијано Роналдо и нема да биде пуштен во продажба, се проценува дека неговата вредноста на пазарот би изнесувала околу 780.000 долари (околу 715.000 евра).

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.