Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ му замери на Серж Гнабри и потегот на напаѓачот да присуствува на модни ревии во Париз по ремито против РБ Лајпциг.
Категорија: Германија 25.01.2023 15:53
Серж Гнабри го сврте вниманието на себе со своето однесување надвор од терените. По натпреварот против РБ Лајпциг во петокот минатата недела, фудбалерите на Баерн Минхен добија слободен ден а Германецот се реши да отпатува во Париз и да присуствува на модни ревии.
Медиумите го нарекоа фудбалерот „Гучи-Гнабри“ и почнаа да прашуваат дали се дозволени вакви екскурзии во клуб како Баерн Минхен.
Јулијан Нагелзман излезе со дипломатски одговор но Хасан Салихамиџиќ реши да го подбере фудбалерот.
„Тоа е аматерски потег, се коси со размислувањето во Баерн Минхен, да се забавувате кога имате слободен ден. Добивате слободен ден за да се одморите и потоа да притиснете на педалот за гас на следниот натпревар“ - вели спортскиот директор на Баерн.
„Ќе разговараме за ова, секако дека има потреба за разговор“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.