Килијан Мбапе може да се почувствува дека има поголема улога во ПСЖ отколку само фудбалер откако доби обврска од клубот да помогне за ангажман на ново засилување.
Категорија: Франција 25.01.2023 15:48
Според француските медиуми, Мбапе сериозно си ја сфатил работата. ПСЖ сака да го донесе Бернардо Силва од Манчестер Сити со кого Мбапе заедно играше во Монако.
Наводно, Мбапе има задача да разговара со Бернардо Силва и да се обиде да го убеди да потпише за ПСЖ на лето.
Силва има договор со Манчестер Сити до јуни 2025 година, па ПСЖ ќе треба да плати некое обесштетување за да го добие.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.