Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Лука Модриќ одбил да му стане соиграч на Кристијано Роналдо и покрај тоа што Ал Наср на маса ставил две ипол годишен договор вреден 100 милиони евра, Хрватот сака да продолжи во Реал Мадрид.
Категорија: Шпанија 25.01.2023 13:36
Лука Модриќ можел да стане еден од тројцата најплатените фудбалери во светот (покрај Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе), Ал Наср изразил сериозна желба да го ангажира Хрватот.
Клубот од Саудиска Арабија на маса ставил две ипол годишен договор вреден 100 милиони евра.
И покрај тоа што имал можност да заработува неверојатна сума на пари и одново да игра покрај Кристијано Роналдо, Лука Модриќ го одбил предлогот.
Фудбалерот од средниот ред сака да продолжи во Реал Мадрид и да стави потпис на нов договор со „кралевите“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.