24фудбал

Обложувалница го прогласи Арсенал за шампион и почна да исплаќа, еден обложувач заработи 14.000 фунти!

Обложувалницата Стејк реши на половина сезона да го прогласи Арсенал за шампион и да почне да им исплаќа на сите оние кои вложиле пари на тоа дека „топчиите“ ќе ја освојат Премиерлигата.

Англија

Избраниците на Микел Артета на високо ниво го одигра првиот дел од сезоната, освоија 50 бодови по 19 кола и се на врвот на табелата со +5 во однос на Манчестер Сити но и натпревар помалку, разликата може да биде 8 бода.

До крајот на сезоната има уште многу, но обложувалницата Стејк го прогласи Арсенал за шампион и соопшти дека ќе почна да им исплаќа на сите оние кои вложиле пари на тоа дека „топчиите“ ќе ја освојат Премиерлигата.

„Арсенал е шампион оваа сезона во Премиерлигата“ – велат од Стејтк. „Доволно видовме од „топчиите“ за да донесеме одлука да почнеме да исплаќаме на соите оние кои се обложиле дека Арсенал ќе ја освои титулата, па навивачите кои веруваа пред почетокот на сезоната, не треба да чекаат повеќе“.

„И покрај тоа што пред почетокот беа петти фаворит, играат во голем стил и се на врвот на табелата. Не гледаме како Манчестер Сити, Манестер јунајтед или некој друг ривал може да ги стигне. Ќе подолеме илјадници фунти за забавата во црвениот дел на Северен Лондон да може да почне“.

Коефицентот за Арсенал да ја освои титулата бил 29, во моментов нема информации колку пари вккупно ќе бидат исплатени, познато е само дека една од поголемите добивки изнесува 14.000 фунти.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.