24фудбал

Дани Алвеш паднал во замката на полицијата, еве како го измамиле да се врати во Шпанија

Медиумите од Шпанија откриваат како полицијата го измамила Дани Алвеш да се врати во Шпанија, на Бразилецот му дале впечаток дека немаат никакви докази и тој треба само да дојде и доброволно да ја каже својата верзија на настаните.

Шпанија

Дани Алвеш минатата недела беше уапсен а судија го испрати зад решетки без можност да се брани на слобода со кауција. Бразилецот е обвинет за сексуален напад и може да добие затворска казна од 4 до 12 години.

Медиумите сега ја откриваат стратегијата која ја употребила полицијата за Дани Алвеш од Мексико да се врати во Шпанија.

Полицијата не го известила играчот колку се сериозни обвинувањата кон него, ниту пак за тоа дека се прибрани голем број на докази и сведоштва кои го инкриминираат и дека сигурно ќе заврши зад решетки. Тие му дале впечаток дека треба само доброволно да се појави во полициска станица и да ја раскаже својата верзија на настаните.

Дани Алвеш паднал во замката, се сложил да се врати во Шпанија и во петокот се појави да даде изјава. Но веднаш беше уапсен  и изведен пред судија, кој без многу размислување го смести зад решетки.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.