24фудбал

Барди и Димитриевски би можеле да станат соиграчи

Последните информации од Турција велат дека Рајо Ваљекано и Кадиз се најзаинтересирани за потписот на Енис Барди, Трабзонспор ќе прифати и сума од 2,5 милиони евра за да се ослободи од нашиот фудбалер.

Македонија

Вчера се пишуваше дека Ница се интересира за Барди, претходно Бетис, Мајорка и Торино, а денеска од Турција велат дека најголем е интересот од Кадиз и Рајо Ваљекано.

Прво се зборуваше дека цената на Барди е три милиони евра, сега дека Трабзон е подготвен да попушти на 2,5 милиони евра.

Трабзонспор се надева дека до крајот на овој преоден рок ќе успее да го продаде Барди.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.