24фудбал

Лацио го понижи шампионот, тежок пораз за Милан на Олимпико (ВИДЕО)

Лацио со убедливи 4-0 го победи Милан, росонерите одиграа лош меч, а лацијалите ја имаа најдобрата претстава оваа сезона.

Италија

Дербито меѓу Лацио и Милан заврши со неочекувано убедлива победа за домаќините.

Дебаклот на росонерите беше најавен уште во четвртата минута кога по асистенција од Закањи, Милинковиќ-Савиќ ја смести топката во мрежата на Милан за водство од 1-0.


Во 38. минута самиот Закањи се запиша во листата на стрелци и го зголеми водството на Лацио од 2-0.


Во 67. минута беше направен фаул врз Педро, судијата покажа на белата точка. Луис Алберто биеше прецизино за 3-0.


Осум минути подоцна Луис Алберто прекрасно асистираше до Фелипе Андерсон кој ги постави конечните 4-0.


Поразот не е единственото лошо што му се случи на Милан на овој меч, повреди заработија Томори и Калабрија кои може да отсуствуваат во наредните натпревари.

Лацио има 37 бода исто колку што имаат Интер и Рома, Милан има бод повеќе од овие три екипи, далеку прв е Наполи со 50 бодови.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.