24фудбал

Што му рекол Мендеш на Роналдо во 2018 година?

Денеска шпанските медиуми објавуваат за разделбата на Кристијано Роналдо со неговиот агент Жорж Мендеш која се случи неодамна.

Шпанија

Роналдо и претходно имал некои несогласувања со Мендеш, португалскиот фудбалер не ги слушал советите на агентот, ги следел своите желби. 

Радио „Марка“ објавува што му рекол Мендеш на Роналдо во 2018 година пред тој да замине во Јувентус.

„Остани во Реал Мадрид, ќе бидеш заштитен. Доколку заминеш, работите ќе бидат полоши за тебе“, му рекол Мендеш на Роналдо.

Роналдо ги игнорирал овие зборови на неговиот агент и се пресели во Јувентус.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.