24фудбал

Милан доби нова конкуренција од Премиерлигата за Заниоло, Њукасл понудил најмногу пари

Њукасл се приклучи во трката за потписот на Николо Заниоло, клубот од „Сент Џејмс Парк“ е подготвен да инвестира 35 милиони евра за ангажман на Италијанецот.

Италија

Се верува дека Тотнем отпадна од битката за Николо Заниоло откако „спарси“ го украдоа Арно Данџума од Евертон, но Милан добива нова конкуренција од Премиерлигата за потписот на Николо Заниоло.

Како што пренесува Калчомеркато, Њукасл се приклучил во трката и клубот од „Сент Џејмс Парк“ ја доставил најбогата понуда.

Њукасл е подготвен да инвестира 35 милиони евра, но го сака Николо Заниоло на позајмица со обврска трансферот да биде перманентен доколку Италијанецот одигра 75% од натпреварите до крајот на сезоната.

Рома инсистира откупoт да не биде условен, односно да биде обврзувачки па и овој предлог не е прифатен.

Вчера се пишуваше дека Милан понудил пакет од 25 милиони евра, односно 3 милиони евра за позајмица до крајот на сезоната, како и обврска во целост да го купи Николо Заниоло за додатни 22 милиони евра доколку биде обезбеден настап во Лигата на шампиони.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.