24фудбал

Одби да биде рекордно засилување на Астон Вила и да заработува ТРИ пати повеќе

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс одбил да се пресели во Астон Вила и покрај тоа што можел да биде рекордно засилување на клубот од Премиерлигата и да заработува ТРИ пати повеќе.

Англија

Ретко кој може да одолее на интересот од Премиерлигата и парите кои ги даваат клубовите од „островото“ но очигледно ова не важи за 20 годишниот Нико Вилијамс.

Унаи Емери сака да ангажира играч кој ќе донесе енергија и динамика во нападот и го идентификувал Нико Вилијамс како идеално засилување.

Астон Вила била подготвена да му ја исполни желбата на тренерот и да ја активира откупната клаузула во договорот на Нико Вилијамс вредна 50 милиони евра, што ќе значи рекорден трансфер за клубот од „Вила Парк“. Исто така, за напаѓачот бил подготвен богат договор и плата од 120.000 фунти неделно, односно три пати повеќе од она што тој го заработува во моментов.

Сепак Нико Вилијамс на големо изненадување кажал НЕ и решил во моментов да остане во Атлетик Билбао.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.