24фудбал

Дани Алвеш ја „засили“ одбраната, го ангажираше адвокатот на Лео Меси

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Дани Алвеш направил промени во тимот правници кои ќе го бранат, Бразилецот го ангажирал Кристобал Мартељ, еден од најпознатите адвокати во Барселона.

Шпанија

Дани Алвеш минатата недела заврши зад решетки без право да се брани на слобода со кауција откако девојка го обвини за сексуален напад, на Бразилецот му се заканува затворска казна од 4 до 12 години.

Очигледно работата е сериозна па Дани Алвеш направил промена во тимот правници кои ќе го бранат и го ангажирал Кристобал Мартељ, еден од најпознатите адвокати во Барселона.

Кристобал Мартељ има работено на неколку случаи со звучни имиња, помеѓу клиентите му беше и Лео Меси.

Навивачите на Барса го паметат и како адвокатот кој ја бранеше Барселона во случајот со кој клубот од Камп Ноу беше обвинет за даночна измама при трансферот на Нејмар. Тој успеа да постигне договор со властите, и да обезбеди ослободителна пресуди за Сандо Рамис и Жозеп Мариа Бартомеу.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.