24фудбал

Уште една кражба во Премиерлигата: Ги помина лекарските прегледи со Евертон, но ќе биде ново засилување на Тотнем

Медиумите од Англија пишуваат за пресврт во трансферот на Арно Данџума во Евертон, напаѓачот ќе заврши во Тотнем и покрај тоа што изминатиов викенд ги помина редовните лекарски прегледи со „карамелите“.

Англија

Клубовите од Премиерлигата се најактивни на трансфер пазарот овој месец, имаат потрошено далеку повеќе отколку оние од Серија А, Ла Лига, Лига 1 и Бундеслигата заедно.

Желбата за засилување на тимовите е толку голема што се случи нов грабеж по оној на трансферот на Михајло Мудрик, кој наместо во Арсенал, заврши во Челси.

Се работи за Арно Данџума, кој од Виљареал требаше да се пресели на позајмица во Евертон, напаѓачот изминатиов викенд ги помина редовните лекарски прегледи.

Денеска била планирана промоцијата, но наместо официјална потврда, целата зделка пропаднала во 5 до 12 откако Тотнем замешал прсти.

„Спарси“ успеале да се договорат со Виљареал и да го убедат фудбалерот да заигра под водство на Антонио Конте, па Арно Данџума сега е на пат кон Лондон.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.