24фудбал

Реал Мадрид подготвува богата понуда за Белингам, нуди 100 милиони евра плус услугите на Камавинга

Медиумите од Германија пренесуваат дека Реал Мадрид подготвува богата понуда за ангажман на Џуд Белингам, „кралевите“ се подготвени да платат 100 милиони евра и во Борусија Дортмунд да го испратат Едуардо Камавинга.

Шпанија

Џуд Белингам важи за еден од најперспективните млади фудбалери од средниот ред во Европа и со одличните партии го привлече вниманието на неколку гиганти.

Според Скај Германија, Реал Мадрид подготвува богата понуда со цел да ја победи конкуренцијата од Премиерлигата.

„Кралевите“ се подготвени да платат 100 милиони евра и во Борусија Дортмунд да го испратат Едуардо Камавинга.

Предлогот е примамлив за „милионерите“, покрај тоа што ќе добијат огромна сума на пари, ќе добијат и квалитетен фудбалер кој би можел да го замени Џуд Белингам во тимот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.