24фудбал

Ница го сака Барди, македонскиот фудбалер наскоро треба да замине од Трабзон

Трабзонспор прави напор да го продаде Енис Барди во овој преоден рок, информациите велат дека има неколку заинтересирани клубови, последно име кое се споменува е Ница.

Македонија

Трабзон летоска од Леванте го купи Барди, но клубот не е задоволен од македонскиот фудбалер, па сака да го продаде во јануари.

Се шпекулираше дека има интерес од Торино, Бетис и Мајорка, а сега се пишува дека интерес за нашиот репрезентативец има и од Ница.

Останува уште една недела до крајот на преодниот рок, па во наредните денови ќе се знае иднината на Барди.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.