Милан е еден од клубовите кои се заинтересирани за Николо Заниоло, росонерите испратиле и конкретна понуда за напаѓачот која била одбиена од Рома.
Категорија: Италија 24.01.2023 09:55
Заниоло не настапи на последните два меча за Рома, а нема да игра ниту на дербито против Наполи, причина е тоа што бара трансфер и не сака да ризикува да се повреди.
Неколку премиерлигаши се поврзуваа со Заниоло, а најзаинтересиран од Серија А е тимот на Милан.
Пауло Малдини веќе имал контакт со агентите на Заниоло, разговорите биле успешни, по што Милан доставил официјална понуда до Рома.
Понудата е позајмица со обврска за откуп за сума од 22 милиони евра на лето. Но за обврската да се активира потребно е Милан да се пласира во Лигата на шампионите и фудбалерот да има одреден број на настапи до крајот на оваа сезона.
Рома експресно ја одбила таа понуда, тие бараат сума од околу 35-40 милиони евра. Позајмица може само со обврска за откуп, но не и услови за активација на обврската.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.