24фудбал

Емполи го победи Интер во Милано за прв пат по 2004, и тоа на ист начин како тогаш (ВИДЕО)

Интер направи голем кикс откако на свој терен загуби од Емполи, нероазурите полека го губат чекорот во трката по Скудетото.

Италија

Емполи по долго време се радува на победа на Џузепе Меаца, тоа го направија и во 2004 на ист начин како и сега. Нероазурите добија црвен картон, а тие триумфираа со 1-0.

Мечот беше рамноправен на почетокот, но работите се променија кога Шкрињар заработи втор жолт картон во 40. минута и Интер остана со фудбалер помалку.

Тоа го искористи Емполи и со гол на Балданзи во 66. минута дојде до водство кое значеше и победа од 1-0.

Интер до крајот се обидуваше да избегне пораз, но не успеа да постигне гол.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.