24фудбал

Доказите не се поклопуваат со верзијата на настаните која ја дал Дани Алвеш, Бразилецот префрлен во друг затвор

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Дани Алвеш дал три различни изјави и дека доказите прибрани од сведоци и безбедносни камери не се поклопуваат со верзијата на настаните која ја дал Бразилецот.

Шпанија

Дани Алвеш минатата недела заврши зад решетки откако девојка го обвини фудбалерот за сексуален напад, на Бразилецот му се заканува затвор од 4 до 12 години.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, прибраните доказите не се поклопуваат со верзијата на насаните која ја дал поранешниот играч на Барселона. Од безбедносните камери се гледало дека Дани Алвеш и девојката поминале околу 15 минути во тоалетот каде се случил инцидентот.

Исто така и изјавите од сведоците не се поклопуваат со она што го кажал фудбалерот, наводно самиот тој дал неколку различни изјави. Во прв момент рекол дека не ја познавал девојката, подоцна рекол дека ја видел во ноќниот клуб но ништо не се случило, за на крајот да каже дека всушност девојката била таа која му се пуштала.

Во меѓувреме, Дани Алвеш е пренесен во нов затвор каде ќе биде сместен во индивидуална келија во која ќе има и туш. Се говори дека ваков чекор е превземен поради безбедносни причини, затворските власти стравувале дека поради звучното име на Бразилецот може да дојде до инциденти.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.