24фудбал

Го посакуваа Ливерпул, Јунајтед и Челси, тој одлучи да продолжи во Дортмунд

Големиот талент на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко стави потпис на нов договор со германскиот клуб и покрај интересот на англиските гиганти.

Германија

Многу клубови од Европа го посакуваа Мукоко, меѓу заинтересираните беа и Челси, Ливерпул и Манчестер јунајтед, но 18-годишниот фудбалер реши да го продолжи договорот со Дортмунд.

Тој вели дека бил свесен за интересот на гигантите, но неговото срце одлучило да остане во Дортмунд.

„Почестен сум со интересот на другите клубови, но ова е одлука донесена од срце. Фановите секогаш ми даваа поддршка и сакам да им вратам и нив и на клубот“, вели Мукоко.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.