Македонската „кобра“ гостува во Спорткаст.мк кај водителот Саше Љолес во новата, 5та епизода од овој видеокаст посветен на македонскиот и регионалниот спорт. Со легендарниот Дарко Панчев разговараат за неодамна завршеното Светско првенство во Катар, за единствениот Синиша Михајловиќ, за правецот во кој се движи денес фудбалот и на уште многу други интересни теми. Најуспешниот македонски голгетер на сите времиња зборува во свој стил, отворено и искрено на сите теми во оваа епизода на Спорткаст.мк
Категорија: Македонија 20.01.2023 21:14
Епизодата е снимена на крајот од декември во кафе-барот „9ка“ во Скопје.
Спорткаст.мк продолжува со нови епизоди на нивниот youtube канал, а наскоро ќе се појави и шетата епизода во која повторно ќе има многу интересен гостин на „менито“.
Претплатете се на youtube каналот на Спорткаст.мк и следете ги сите нови епизоди кои следат во блиска иднина. Шестата епизода ќе се емитува на почетокот на февруари.
Автор и водител на проектот е Саше Љолес, а тимот кој ги подготвува емисиите е составен од Кристијан Теодоров, Рики Пејовски и Дарко Маневски – Мањо.