24фудбал

Потресното сведоштво на девојката која го обвини Алвеш: Ја принудил на фелацио, ја удирал, ја навредувал...

Медиумите од Шпанија објавија дел од сведоштвото на девојката која го обвини Дани Алвеш за сексуален напад, фудбалерот ја принудил на фелацио, ја удирал, навредувал и пенетрирал во неа се додека не ејакулирал.

Останато

Дани Алвеш денеска беше изведен пред судија откако девојка го обвини за сексуален напад, судијата го прифати барањето на обвинителството и го испрати фудбалерот зад решетки, без можност да излезе на слобода со кауција.

Во прв момент се пишуваше дека Дани Алвеш ја ставил раката во долната облека на девојката, но медиумите сега објавија дел од сведоштвото кое е прилично потресно.

Таа на полицијата и раскажала како Дани Алвеш ја затворил во тоалетот во ВИП собата на ноќниот клуб Сатон, кајде ја турнал на земја, ја принудил на фелацио, ја удирал, ја навредувал и пенетрирал во неа се додека не ејакулирал.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.