24фудбал

Академија Пандев промовираше тројца нови фудбалери (ФОТО)

Академија Пандев е активна на трансфер пазарот, се создава тим кој треба да донесе многу подобра пролетна полусезона отколку што беше есенската.

Македонија

Струмичкиот тим денеска промовираше тројца нови фудбалери. Станува збор за Сандро Ембало, Неат Абдуали и Иван Галевски.

Сандро Ембало е португалски централен дефанзивец кој во Академија Пандев доаѓа од АЦ Олулу од Финска. Покрај на централната дефанзивна позиција, тој може да настапува и како лев бек.

Неат Абдуали е македонски фудбалер кој веќе неколку сезони настапува во екипи од Серија Д во Италија. Последен негов клуб е Монтебелуно. Тој е офанзивен фудбалер кој игра на позициите крилен и централен напаѓач.

Офанзивен фудбалер е и Иван Галевски кој доаѓа од Победа, тој игра на двете крилни позиции.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.