24фудбал

Потегот со кој Роналдо ја „запали“ публиката во Ријад, и фудбалерот на ПСЖ знаеше дека е понижен (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо го одигра првиот натпревар во дресот на Ал Наср, Португалецот постигна два гола и имаше неколку атрактивни потези со кои ги крена навивачите на нозе.

Останато

Натпреварот помеѓу Oл-стар тимот составен од фудбалер на Ал Наср и Ал Хилал против ПСЖ предизвика голем интерес во Саудиска Арабија, се говореше дека најскапиот билет чинел дури 2,6 милиони евра.

Пресметката особено беше примамлива поради дебито на Кристијано Роналдо во дресот на Ал Наср, и актерите на теренот се погрижија публиката да го добие шоуто кое го очекуваше.

Кристијано Роналдо постигна два гола, но пред да се запише во листата на стрелци, ЦР7 ја „запали“ публиката со еден дриблинг, кога со пета му ја протна топката низ нозе на Карлос Солер, и самиот фудбалер на ПСЖ знаеше дека е понижен.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.