24фудбал

Спектакл со девет погодока во Ријад зачинет со два гола на Роналдо и еден на Меси (ВИДЕО)

ПСЖ ја доби пресметката против Ол-стар тимот од фудбалери на Ал Хилал и Ал Наср, Кристијано Роналдо беше двоен стрелец, Лео Меси еднаш се запиша во листата на стрелците.

Останато

Кристијано Роналдо го имаше своето деби во дресот на Ал Наср, Португалецот одигра пријателски натпревар против ПСЖ и неговиот вечен ривал Лео Меси.

Фудбалерите на двата тима приредија спектакл во Ријад со девет погодока, атрактивни потезе па дури и црвен картон.

Лео Меси го отвори резултатот веќе во 3. минута за Кристиајно Роналдо од пенал да изедначи на 1-1 во 34. минута.

Маркињос во финишот на првото полувреме донесе ново водство за „светците“, а Нејмар промаши удар од белата точка и пропушти да зголеми на 3-1. Казната стигна длабоко во судиското надополнување, Роналдо со својот втор гол изедначи на 2-2. 

На стартот од вториот дел, Рамос погоди за предност на ПСЖ од 3-2, но Џанг Хјун Су три минути подоцна се погрижи за ново изедначување.

Килијан Мбапе од пенал по еден час игра донесе предност од 4-3 по што следеа серија измени со кои теренот го напуштија Роналдо, Меси, Нејмар, Рамос и самиот Мбапе.

Екитике во 78. минута реализираше за 5-3 а конечните 5-4 ги постави Талиска во последните секунди од мечот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.