24фудбал

Челси купи уште еден напаѓач, за 40 милиони евра на Стемфорд Бриџ се сели Мадуеке

Голем број на извори пренесуваат дека Челси е пред ангажман на Нони Мадуеке од ПСВ, паднал договор за трансфер вреден 35 милиони фунти, односно 40 милиони евра.

Англија

„Сините“ продолжуваат да се засилуваат, на Стемфорд Бриџ пристигнува уште еден напаѓач.

Голем број на извори пренесуваат дека паднал договор за трансфер на Нони Мадуеке, Челси на ПСВ ќе му плати околу 35 милиони фунти, односно 40 милиони евра.

20 годишниот Нони Мадуеке е роден во Лондон, како дете бил дел од школите на Кристал Палас и Тотнем, а во 2018 го одбил Манчестер јунајтед и решил среќата да си ја побара во Холандија, потег кој се покажа како исправен.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.