24фудбал

Лацио го сака Миовски, подготвен е да плати 2,5 милиони евра

Медиумите од Италија пренесуваат дека Бојан Миовски е во бележникот на Игли Таре, Лацио е подготвен да плати 2,5 милиони евра за услугите на Македонецот.

Македонија

Бојан Миовски има одлична сезона во дресот на Абердин, до овој момент постигна 11 погодоци во првенството на Шкотска.

Со добрите партии, Македонецот го привлече вниманието на многу клубови, последните информации велат дека Бојан Миовски се наоаѓа во бележникот на Игли Таре, спортскиот директор на Лацио.

„Бјанкочелестите“ се во потрага на напаѓач, внимателно го следат напредокот на Бојан Миовски и се подготвени да платат 2,5 милиони евра за да го донесат во Рим.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.