24фудбал

Барса го продаде Депај на Атлетико за 3 милиони, за возврат доби опција да го купи Караско

Мемфис Депај е пред трансфер во Атлетико Мадрид вреден 3 милиони евра, плус еден додатен милион евра во бонуси, „каталонците“ исто така добиле опција први да го ангажираат Јаник Караско за сума од 20 милиони евра.

Шпанија

Барселона и Атлетико ја најдоа формулата за трансфер на Мемфис Депај, Холанѓанецот веќе е во Мадрид и во брзо време ќе пристигне официјална потврда.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, Атлетико Мадрид ќе плати 3+1 милион евра за услугите на напаѓачот.

„Каталонците“ исто така добиле опција први да го ангажираат Јаник Караско во летниот преоден рок.

Барса се обиде да го ангажира Јаник Караско уште овој месец како дел од трансферот на Мемфис Депај, но Атлетико одби да го продаде фудбалерот од Белгија за дополнително да не го ослабне тимот на Диего Симеоне.

Сепак, по крајот на сезоната играчот ќе добие дозвола да замине и Барселона ќе има предност пред другите клубови, односно за 20 милиони евра да го донесе на Камп Ноу, сума која е далеку помала од откупната клаузула.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.