24фудбал

Мудрик уште ништо нема постирано за Челси на инстаграм - дали трансферот беше присилен? (ФОТО)

Украинската ѕвезда, Михаило Мудрик за 100 милиони евра од Шахтар се пресели во Челси, но негова желба беше да го облече дресот на Арсенал, па прашање е дали тој е среќен.

Англија

Арсенал многу долго се обидуваше да го купи Мудрик, но на крајот тоа го направи Челси.

Украинецот сакаше трансфер во Арсенал, тоа беше негова желба, но Шахтар беше дециден дека ќе ја прифати понудата од која ќе има повеќе заработка.

Шахтар и Челси се договорија, а потоа го убедија и Мудрик да ја прифати понудата од сините. Но, во јавноста постои сомнеж дека фудбалерот бил принуден да стави потпис на договорот со тимот од Стемфорд Бриџ.

Како еден од аргументите за тоа се посочува фактот дека Мудрик се уште нема ништо постирано на социјалните мрежи за неговиот трансфер во Челси.


Додека траеа преговорите со Арсенал тој објавуваше сториња со топчиите, го фалеше Микел Артета, но сега направи конкретен трансфер и се уште нема ништо објавено.

25 милиони евра од тие 100 кои ги плаќа Челси, ќе бидат донирани за војската на Украина.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.