24фудбал

Валенсија сака да го купи Аријан Адеми, за конкуренција има два клуба од Премиерлигата

Според пишувањата на Марка, Џенаро Гатузо сака да донесе искусен фудбалер од средниот ред, Валенсија го идентификувала Аријан Адеми како идеално засилување.

Македонија

Аријан Адеми е на мета на шпанска Валенсија, ова утрово го пренесе Марка. Весникот објави дека Џенаро Гатузо разговарал со сопственикот Питер Лим и го известил дека сака во јануари да добие искусен фудбаелр од средниот ред.

Едно од имињата кои се интересни за „Лос Че“ е нашиот Аријан Адеми, кој одговара на сите критериуми, односно квалитет, цена и висина на плата.

Марка додава дека Валенсија ќе треба да побрза бидејќи два клуба од Премиерлигата исто така сакаат да го ангажираат Македонецот, и можат да му понудат повеќе пари.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.