24фудбал

Зинедин Зидан очигледно е големо име во Франција, првиот човек на ФФФ се повлече

Претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Ноел ле Грае е суспендиран и привремено се повлече од функцијата, му пресуди скандалозната изјава за Зинедин Зидан.

Франција

Првиот човек на ФФФ, Ноел ле Грае оваа недела се најде на удар на француската јавност откако излезе со скандалозна изјава за Зинедин Зидан.

Очигледно Зизу е големо име, па на денешната средба на извршниот комитет на ФФФ било одлчено Ноел Ле Грае привремено да се повлече од функцијата.

Потпретседателот Филип Диало во иднина ќе биде в.д. претседател, а Ноел ле Грае ќе ги чека резулаттите од ревизијата која ја нарача Министерството за Спорт.

Вавкиот развој на настаните сепек нема да има никакво влијание врз иднината на Дидје Дешам на кормилото на „триколорите“, извршниот комитет едногласно ја потврди новата соработка со стратегот до јуни 2026.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.